Овогодишната летна школа „AI IN ACTION: RETHINKING ENTERPRISE” е посветена на улогата на вештачката интелигенција во трансформирањето на модерната организација, како и на преиспитувањето на начинот на кој организациите создаваат вредност, носат одлуки и одговараат на современите општествени и деловни предизвици. Преку предавања, работилници и практични активности, програмата ќе овозможи заедничко учење, размена на знаења и искуства и развивање иновативни решенија во областа на вештачката интелигенција и бизнисот.
ERN 2026
Летна школа: AI IN ACTION: RETHINKING ENTERPRISE
Кога: 21 септември 2026, 09:00 – 13:30
Место: Економски факултет
Адреса: Гоце Делчев 9В, Skopje
Места: Отворено — без ограничување на капацитетот