← All Откријте

Бидете дел од мрежата на наставници – амбасадори на науката!

5 Окт 2026

На Светскиот ден на наставниците ја истакнуваме важната улога на наставниците во поттикнувањето на љубопитноста, креативноста и интересот за науката кај младите.

 

Во рамки на проектот Избери наука! – Градење на општеството преку истражување и иновации, воспоставуваме Research Teacher Network – мрежа на проактивни и инспиративни наставници од Скопје, Битола и Штип кои сакаат да ја приближат науката, истражувањето и иновациите до своите ученици.

 

Наставниците во мрежата ќе имаат можност да соработуваат со истражувачи и научници, да се вклучуваат во различни научни, истражувачки и едукативни активности, да разменуваат идеи и искуства со други наставници и да придонесуваат кон создавање нови можности за учење преку истражување и практично искуство.

 

Кого бараме?

Ги покануваме наставниците кои се мотивирани да преземат активна улога во приближувањето на науката до учениците – без разлика дали веќе имаат искуство со STEM, истражувачки и иновативни активности или сакаат да се вклучат во нови иницијативи.

 

Како дел од мрежата, наставниците ќе можат да придонесат кон активности како што се:

    • средби со истражувачи и научници;
    • експерименти и демонстрации;
    • работилници, обуки и интерактивни активности;
    • презентации и предавања;
    • научни изложби и посети на лаборатории;
    • научни проекти и истражувачки предизвици за ученици;
    • активности за граѓанска наука.

 

Станете дел од мрежата

Ако се препознавате во оваа улога и сакате да придонесете кон создавање повеќе можности за учениците да ја запознаат науката, истражувањето и иновациите, изразете го вашиот интерес за приклучување кон мрежата преку пополнување на краткиот формулар.

 

Мрежата ќе создава простор за соработка, размена на идеи и заеднички активности кои ќе ја поврзат науката со училишната средина и ќе им овозможат на учениците да ја истражуваат науката на поинаков начин.

 

На Светскиот ден на наставниците, им благодариме на сите наставници кои секојдневно ги охрабруваат младите да поставуваат прашања, да истражуваат и да откриваат.

 

Заедно да ја доближиме науката до секој ученик.