Придружете ни се на Саемот за пракса и вработување на Машински факултет-Скопје на панел-дискусија посветена на зелените работни места на иднината, новите можности за кариерен развој и вештините потребни за успех во зелената економија.
На панел-дискусијата ќе учествуваат претставници на водечки компании и експерти, кои ќе ги споделат своите искуства и ќе дискутираат за тоа како зелените иновации и одржливите технологии ја обликуваат иднината на работата.
Настанот е наменет за студентите на универзитетите и учениците од средните училишта, наставниците кои ги насочуваат младите кон идните професии, како и за претставниците на индустријата заинтересирани за зелени иновации и одржлив развој.
Инспирирајте се, разменете идеи и откријте ги можностите што ги носат работните места на иднината!