Вебинарот ќе ги поврзе истражувачите со цел да споделат искуства, идеи и практични согледувања за учеството во истражувачки проекти финансирани од ЕУ. Со посебен фокус на МСКА (Марија Склодовска-Кири акции), вебинарот ќе ги опфати достапните можности, предизвиците и начините за зајакнување на истражувачките капацитети и меѓународната соработка во Северна Македонија.
ERN 2026
Вебинар: Можности за аплицирање за ЕУ-финансирани истражувачки проекти
Кога: 3 септември 2026, 10:00 – 11:00
Место: Online, MS Teams
Места: Отворено — без ограничување на капацитетот
Агенда
| 10:00-10:05 | Отворање и поздравен говор Проф. д-р Валентина Гечевска, проректорка за наука при УКИМ |
| 10:05-10:20 | Можности за финансирање на истражување и иновации преку меѓународна соработка Ксенија Хаџи Тосева Аврамчева, Министерство за образование и наука |
| 10:20-10:40 | Која акција од програмата Марија Склодовска Кири (МСКА) е најсоодветна за тебе? проф. д-р Александра Мартиновска-Стојческа, национално контакт лице (NCP) за Акциите „Марија Склодовска-Кири“ |
| 10:40-10:50 | Хоризонт Европа кластер 4: Дигитализација, индустрија и вселена проф. д-р Адриан Бесими, национално контакт лице (NCP) за Хоризонт Европа кластер 4 |
| 10:50-11:00 | Европска ноќ на истражувачите 2026 - што да очекувате? доц. д-р Марија Лазаревиќ, Универзитет Св. Кирил и Методиј во Скопје |