Во Лабораторијата за механички и термички испитувања, подготвени примероци од различни видови материјали – челик, еластомер, композитен материјал и пластика – ќе бидат испитувани со помош на целосно автоматската електромеханичка универзална машина за испитување Raagen ETM-50-S. Посетителите ќе имаат можност да го набљудуваат однесувањето на материјалите под оптоварување, постапката за определување на избрани механички својства, како и прикажувањето и анализата на добиените резултати. Дополнително, ќе биде презентиран принципот на работа на машината за испитување на замор при ротирачко свиткување (Four Point), вклучително и објаснување на цикличното оптоварување и однесувањето на материјалите до појавата на заморно оштетување.
ERN 2026
Лабораториска посета: Механички и термички испитувања
Кога: 25 септември 2026, 09:00 – 10:30
Место: Кампус 2 - Универзитет „Гоце Делчев“
Адреса: Штип
Места: Отворено — без ограничување на капацитетот