Преку различни активности за преработка на растителен отпад, учесниците ќе научат како се добиваат природни и органски бои. Овие бои првенствено може да се користат за боење на текстил, но и на други материјали.
Учесниците, исто така, ќе се запознаат со методи за пречистување на отпадните води, со цел нивно повторно користење за одредени намени.